Name of the Law Firm & Tagline

Јавете ни се денес за Правен Совет

(070) 21-47-42

Лоцирани сме во Скопје и работиме со случаи од следново

  • Организиран Криминал
  • Кривично Право
  • Деловно Право
  • Меѓународно Право
  • Граѓанско Право

Тумановски изнесе нови докази за случајот „Пепел“

Адвокатот Александар Тумановски, кој го брани Ристо Поп-Пецов, еден од обвинетите во случајот „Пепел“, еден ден по објавената пресуда за неговиот клиент за тригодишна казна затвор, денеска презентираше нови докази на одбраната. Според него Ристо Поп Пецов е осуден без никаква основа.

Новата канцеларија е уредена во модерен, минималистички стил и нуди пријатна атмосфера за нашите клиенти. Пријатната атмосфера во нашите простории создава доверлива клима и услови за професионално извршување на обврските.

„Од просториите на „Попецо Табак“ одземени се испратници во кои што е наведено дека целокупната стока што е одземена, била пријавена, а не како што првично беше дека истата не била пријавена“ изјави адвокатот Тумановски.

Адвокатот го приложи и записникот во кој Поп Пецов ја образложил својата одбрана во истрагата, што воопшто не се разликува од одбраната дадена во завршниот збор.

Тумановски приложи и доказ за паричните средства, во кои што се наведува дека Поп Пецов парите ги плаќал во готово. Според Тумановски на тие документи не пишува Ристо Поп Пецов туку „Попецо Табак“ Струмица, што значи дека правното лице ги има оставено тие парични средства, како гаранција за таа стока.

Во доказите ги изнесе и бар-кодовите на бандеролите, со кои „Тутунски комбинат Куманово“ има право да работи.

Презентиран беше и записникот, кој не бил земен в предвид кога била донесена пресудата, во која се наведува дека „Попецо Табак“ е даночен обврзник, што врши дистрибуција на цигари од овластени производители и увозници, а цигарите ги набавува со бандерола, односно обврската за плаќање на акцизата е веќе платена од страна на производителот или увозникот на цигари.

Во доказите ги изнесе и бар-кодовите на бандеролите, со кои „Тутунски комбинат Куманово“ има право да работи.

“Даночниот обврзник „Попецо табак“ како дистрибутер на цигари со веќе платена акциза, нема обврска за поседување на акцизна дозвола или да има акцизен став, како што беше наведено“ додаде Тумановски.

Ристо Поп Пецов, вчера беше осуден на затворска казна од три години.